Број на текстови објавени денес: 0

СДСМ Гевгелија: Груевски отвори спортска сала, ама не и зоната во Прдејци

%d0%b0%d0%bb%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2

СДСМ од Гевгелија реагираше на посетата на лидерот на ВМРДПМНЕ, Никола Груевски на овој град каде што отвори спорстка сала.

– Кога дознавме дека Груевски е во Гевгелија очекувавме да ја отвори индустриската зона кај Прдејци или да го одбележи ставањето во функција на браната Конско. Се разбира тоа не се случи затоа што овие проекти иако беа ветени и најавувани од страна на неговата партија не се ни почнати со изградба, а камоли да се ставени во функција -изјави Драган Алчинов од СДСМ Гевгелија.

Наместо тоа, вели Алчинов, Груевски отвори спортска сала во село Миравци, но оваа сала, веќе функционирала.

– Груевски отвори и една фитнес зона во Гевгелија- која исто така функционираше пред осомничениот да се појави. Но, иако во програмата на неговата партија имаше предвидено големи инфраструктурни проекти за градот и општината- тој не кажа ни збор за ветените, а никогаш неостварени проекти на неговата партија- додаде Алчинов.

Тој потсети дека намалувањето на невработеноста во Гевгелија се должи на отварањето на двете казина.

– Овие казина за волја на вистината беа изградени и започнаа со работа во време кога на чело на локалната власт беше градоначалник од редовите на СДСМ. Исто така се чини дека Груевски не знае дека намалувањето на невработеноста се должи и на фактот дека многу млади луѓе ја напуштија Гевгелија и Република Македонија – рече Алчинов.

Според него во планот за живот во Македонија, СДСМ, наместо во фитнес зони, тениски игралишта и други слични проектчиња ние ќе инвестираме во крупни и значајни проекти, во изградба на инфраструктура, во проекти кои ќе ја раздвижат економијата, ќе го подобрат стандардот на живеење за сите и ќе ги задржат младите овде во родната земја.