Број на текстови објавени денес: 70

Светски ден на тоалетите: Обединетите нации – Тоалетите штедат пари и ги чуваат животите

toaleti-2

Обединетите нации (ОН) соопштија денеска, по повод Светскиот ден на тоалетите, 19 ноември, дека тоалетите штедат пари и ги чуваат животите.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека оваа година одбележувањето на Светскиот ден на тоалетите било фокусирано на „тоалетите и работата“ – влијанието на санацијата на средствата за обезбедување на основните потреби, но и на работното опкружување.

Тој навел во соопштението дека „тоалетите имаат клучна улога во создавањето на силна економија“.

„Недостатокот на тоалети на работа и дома има сериозни последици, вклучувајќи го слабото здравје коешто води кон отсуствување од работа, намаленатта концетрација, исцрпеноста и намалената продуктивност. Околу 17 отсто од сите смртни случаи на работа се предизвикани од пренесување на болести на работното место“, пишува во соопштението на Бан Ки-мун.