Број на текстови објавени денес: 0

Сведоци сме на крајот на либералната ера

trump-i-farage-1

За само два месеца светот ќе се збогува со претседателот Обама. На неговото последно патување во странство пред да си оди од Белата куќа во јануари следната година, Обама стоеше рамо до рамо со својата германска колешка Ангела Меркел на прес-конференцијата во Берлин, предупредувајќи дека иде „поопак, пожесток, попроблематичнен свет“.

Во пресрет на изненадувачката изборна победа Доналд Трамп, и Републиканската партија, изгледаше како една мала фигура, како и Меркел, чуварот на стариот либерален режим кој почнува да се распаѓа на двете страни на Атлантикот, ги коментира светските промени конзервативецот Нил Гардинер за Си-Ен-Ен.

Ветровите на промените се чувствуват низ Западот, тие ја предизвикуваат децениската конвенционална мудрост, го обеснажија доминантниот либерален консензус, и го заживеаја зголеменото чувство на национален идентитет и самоопределување. Без сомнение, извонредната победа на референдумот во Велика Британија за излез од ЕУ беше предвесник на ноемвриските претседателски избори во САД, со недвосмислена деградација на политичкиот естаблишмент, наспроти сите шанси и сите очекувања. Иако кампањата за Брегзит во многу нешта се разликуваше од стилот и пораките од таа на Трамп, и двете успеаја да направат политички земјотрес што го потресе светскиот политички поредок.

Пред сè, победата на Брегзит беше голем удар за европскиот проект и идејата за наднација. Европските владејачки елити, од Брисел до Париз и Берлин, стравуваат за неговото влијание зашто има потенцијал да ја распадне Европската Унија во текот на следните неколку децении. Ако Брегзит е успех, како што се чини се повеќе, другите ќе го следат. И САД сега, со новиот претседател и Конгресот во кој доминираат републиканците, најверојатно ќе одигра важна улога во помагањето да се осигура дека Брегзитот ќе успее во корист на договорот за слободна трговија меѓу САД и Велика Британија.

Гласањето на Британците да ја напуштат ЕУ не е само пораз за еврократите, тоа беше исто така шлаканица во лицето на претседателот Обама, кој имаше инвестирано многу во поддршката на кампањата за останување во членството, со неговата закана дека Велика Британија ќе биде „на опашката на листата на чекање“ за трговски договор ако гласа за Брегзит.

Победата на Брегзит покажа дека суверенитетот е важна работа и обидот да се потисне нема да успее уште долго време. Тешко е да се поверува дека Европската унија ќе преживее во сегашната форма, со зголемени тензии околу приливот на бегалци, со огромниот долг од кризата на еврозоната, како и со растечката исламистичка терористичка закана асистирана од очајно несоодветните гранични контроли.

Наднацијата оди против правилата на историјата и човечкиот инстинкт, и сигурно ќе заврши како диносаурусите. Но таа не мора да биде заменета со изолационизам или протекционизам, и со оддавање заслуги на лидерите на движењето за Брегзит чија визија е Британија да биде земја на слободната трговија, слободните пазари и самоувереното раководство на светската сцена, засновани на темелни сојузи. Овие сојузи гиподразбираат англо-американскитеспецијални односи и Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Во услови на се поопасен свет, со подемот на ИСИС, со подемот на царска Русија, како и изгледите за нуклеарно вооружување на Иран, САД и Велика Британија мора да бидат подготвени да бидат лидери.

Да заклучиме, тие се државите што ќе се спротивстават на тероризмот и тиранијата, а не големите сонувачи кои седат во Европската комисија или во Европскиот парламент. Стариот либерален режим во Европа е на умирање, а нејзините лидери мора да се прилагодат на новата реалност и да ги прифатат промените, или да продолжат да управуваат со бродот што тоне.

(Нил Гардинер е директор на Центарот за слобода „Маргарет Тачер“ на Фондацијата Херитиџ и поранешен помошник на Маргарет Тачер.)