Број на текстови објавени денес: 10

Саулјус Сквернелис именуван за мандатар на владата на Литванија

latvija

Претседателката на Литванија Далија Грибаускајте денеска го именува центристот Саулјус Сквернелис за мандатар по изненадната победа на Литванската унија на селаните и зелените на парламентарните избори во октомври.

Сквернелис (46), поранешен полициски началник и досегашен министер за внатрешни работи, изјави дека новата влада ќе тежнее кон социјална правда и ќе ја задржи прозападната ориентација на земјата.

Тој ја презема функцијата од левичарот Алгирдас Буткевичус, чија социјалдемократка партија по освоените гласови е на трето место, но коалицираше со центристичката Литванска унија на селаните и зелените.

Коалицијата, која има и неколку независни пратеници (59 од Литванска унија на селаните и зелените и 29 социјалдемократи) во 141-члениот еднодомен Парламент. Кознервативците и либералите ќе бидат опозиција.