Број на текстови објавени денес: 0

САД и Русија во војна за хакерот Евгениј

download-772

Рускиот државјанин Евгениј Никулин, кој поради сомнеж за хакерски напад беше задржан на почетокот на октомври во Прага од страна на чешката полиција во соработка со американското Федерално истражно биро (ФБИ), останува во притвор. информираше Чешкото државно радио (ЧРО).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Врховниот суд на Чешка минатата недела ја одбил жалбата на Никулин против задржувањето во притвор.

Вашингтон бара Русинот да биде екстрадиран во САД, врз основа на обвинението од Калифорнискиот федерален суд за напад на социјалната мрежа Линкедин и други портали, додека руската страна бара тој да биде вратен во татковината.

Руската амбасада во Прага, постапката на САД ја означи како „дел од нападите врз руските граѓани и од нивните обиди да ја наметнуваат својата јурисдикција врз странски држави“.

Одлуката за екстрадиција ја носи Судот во Прага, а конечната одлука е на министерот за правда и таа не мора да биде иста како судската.