Број на текстови објавени денес: 62

Савил таун, град во Англија во кој белците се етнички исчистени

299f748c00000578-0-image-a-19_1478128748188

Ако појдете во Савил таун, ќе се чувствувате како во некое провинциско гратче во руралните делови на Авганистан. Освен затекнатата архитектура, таму веќе и нема траги на англиската присутност. Според последниот попис од 2011 година, Савил е етнички најчистиот град во Англија, а можеби и во Европа. Англичани има едвај нешто над 1 отсто, а 99 проценти од жителите се муслимани од азиско потекло. Поточно кажано, од 4033 жители, останале уште само – 48 бели Англичани, а и тие се пакуваат. Никој на улица не зборува англиски, ниту пак воопшто го знаат јазикот на земјата во која се наоѓаат. Повеќето жени носат бурки, а тие кои не носат, носат марами. Најголем дел од нив не сакаат да имаат никаков контакт со луѓе кои не припаѓаат на нивната култура. А речиси сите допаутвале во Англија за да се омажат за „Британци“ кои емигрирале од јужна Азија. Нивните слободи се строго ограничени, а британските закони кои ги заштитуваат правата на жените тука не важат. Со џамијата управува исламска секта која на следбениците им забранува било какво мешање со христијаните, Евреите и Хиндусите.

Нивните предци во Савил дошле како евтина работна сила во локалните текстилни фабрики по кои е познат Јоркшир. Нешто подоцна воспоставиле и шеријатски суд, кој по кратка постапка и ги спроведува строгите исламски закони. Тој суд неодамна беше силно критикуван во Горниот дом на британскиот парламент, поради дискриминација на жените при развод, но исламските судови имаат силна поддршка кај англиските либерали, коишто таа нерамноправност, доколку би била присутна кај припадници на западната кутлура, би ги згрозила, но во овој случај гледаат културна разновидност. Кога Сју Рид тргнала кон џамијата, од прозорците на куќата зачудено ја гледале жени во бурки на кои очигледно им било неверојатно да видат непокриена жена на улица, како да не се работи за град среде Англија! Запрашала некое високо момче во бела облека каде се наоѓа џамијата, тој ја плукнал и ѝ се развикал: „Губи се, нема што да бараш овде“.

Некогаш идиличното гратче во Јоркшир се претворило во џихадистичко легло и почнало да живее свој живот сосема изолирано до Англија која го опкружува. Во меѓувреме градот дал и неколку истакнати бомбаши – самоубијци кои загинале борејќи се за ИСИЛ во Сирија. Мухамед Сидик Кан, водачот на бомбашките напади во Лондон на 7 јули 2005 година.