Број на текстови објавени денес: 70

Руски ловец се урна крај сирискиот брег

%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%86

Руското Министерство за одбрана соопшти дека борбен авион ловец „МиГ-29“, од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, вчера се урна во Средоземно Море, непосредно по полетувањето на редовна тренинг мисија, пренесе ТАСС.

Пилотот успеал да се катапултира, откако претходно се обидел авионот да го врати и да слета на носачот на авиони. Авионот паднал во морето во непосредна близина на „Адмирал Кузњецов“. Во помош веднаш му притекнал спасувачки хеликоптер, со кој бил одведен на бродот.

На тренинг мисијата, инаку, тргнале три авиона „МиГ 29“, што полетале кон Сирија, јави „Фокс њуз“.

Министерството посочува дека несреќата се должела на технички проблеми, што нема да влијаат врз операциите на „Адмирал Кузњецов“. Овој брод заедно со група придружни бродови минатата недела пристигнаа во источниот дел на Средоземно Море.

Пилотите од носачот на авиони изведуваат разузнавачки летови над Сирија, пренесуваат британските медиуми.