Број на текстови објавени денес: 65

Руските сили добија засилување – клонирани кучиња

kuceto

Три посилни и помускулести кучиња се придружуваат на руските служби, добиени во лабораторија во Јужна Кореја.

Клонирањето на трите кучиња го извел докторот Хуанг Ву Сук од фондацијата СООАМ за биотехнолошко истражување во Јужна Кореја, што претставува една од водечките лаборатории за клонирање на кучиња.Кучињата веќе стигнале во Јакутск, главниот град на Јакутија во Сибир.

Кучињата се белгиски малинои и се клонирани од клетки на најдобрите кучиња трагачи во Јужна Кореја. Станува збор за три мажјаци, Том, Марк и Џек и сите се стари една година. Потребно им е малку време да се адаптираат на рускиот студ.

Едно од кучињата ќе трага по археолошки места и стари воени гробници, а другите две ќе бидат за полицијата во Јакутија.