Број на текстови објавени денес: 0

Русија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

download-3304

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет за одбивање на Русија да учествува во Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд.

Руското Министерство за надворешни работи треба за тоа да го информира генералниот секретар на ОН.

Според мислењето на руското МНР, Меѓународниот кривичен суд не ги оправдал надежите кои се вложувале во него и не станал независен правосуден орган со авторитет.

Римскиот статут е создаден со учество на Русија и усвоен на Дипломатска конференција на ополномоштени претставници под покровителство на ОН во 1998 година во Рим. Тој стапи во сила на 1 јули 2002 година, а Русија го потпиша на 13 септември 2000 година.