Број на текстови објавени денес: 0

Русија се ослободува од „Мајкрософт“ ќе развива сопствен софтвер

putin(76)

Рускиот претседател Владимир Путин сака да го „национализира” интернетот и во трката со САД тој има нова цел – „Мајкрософт“. Русија сака постепено да ги намали увозните хардверски и софтверски решенија и да ги замени со домашните кои се развиени на територијата на државата.

Путин сака да го забрза целиот процес за напуштање на софтверот на „Мајкрософт“, пред се како што се наведува, поради безбедност т.е. ризик кој претставува странскиот софтвер.