Број на текстови објавени денес: 62

Роџер Мур пак би глумел во „Бонд“

mur

Сер Роџер Мур призна дека би сакал да добие улога во следно продолжение на филм за тајниот агент 007. Воедно сподели и свое мислење за Даниел Крег.

89-годишниот Мур не ја исклучува можноста да глуми во филм за Бонд, ако му биде укажана таа прилика. На јавен настан во Лондон, Роџер Мур изјавил и дека Даниел Крег и Шон Конери биле најдобрите актери кои го играле најпопуларниот шпион.

„Шон беше неверојатно добар Бонд… Денес, мислам дека имаме среќа што го имаме Даниел Крег зашто тој е прилично впечатлив. Кога го гледав `Казино Ројал` мислев дека Крег изведе повеќе акции во првите седум минути, отколку јас во седум филма“, посочил Мур.