Број на текстови објавени денес: 0

Росен Плевнелиев: Русија ја дели и ја ослабнува ЕУ

bugarija-rosen-plevneliev

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека Русија се обидува да ја подели и да ја ослабне ЕУ.

Во интервју за Би-Би-Си, Плевнелиев предупредува на руското влијание во Бугарија и низ европскиот континент и сугерира дека ЕУ има потреба од преземање „многу поцврста линија“ кон Русија од сегашната.

Бугарскиот претседател во интервјуто открива дека Бугарија била изложена на силен кибер напад за време на минатогодишниот референдум и локалните избори, тврдејќи дека со сигурност нападот бил поврзан со Русија.

Плевнелиев верува дека Европа не се враќа во времето на студената војна, но дека е вклучена во „нова, опасна и непредвидлива конфронтација“ што тој ја нарекува „студено мирнодопство“.

– Заканата сега не е од тоа руски тенкови да освојуваат делови од Европа, туку од влијанието кое е насочено да го подели континентот. Целта на претседателот Валдимир Путин е да ги направи другите земји зависни, изјави Плевнелиев во интервјуто за Би-Би-Си.

Според анализите на бугарските политички и економски експерти, домашната економија е врзана за Русија меѓу 20 и 25 отсто.

В недела во Бугарија се одржуваат претседателски избори, на кои актуелниот шеф на државата не учествва. Неговиот мандат истекува во јануари идната година, по што тој се повлекува од функцијата.