Број на текстови објавени денес: 70

Ромските партии нема да одат на избори со досегашните коалициски партнери

%d0%bd%d0%bc%d1%83

Обединетата партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР) на Неждет Маустафа вели дека и покрај партискиот предлог за квалитативно подобрување на кандидатите за пратеници на листите и давање можност образовниот и интелектуалниот капаците да ги претставува интересите на Ромите во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се одлучила да ја продолжи соработката со Амди Бајрам, и повторно да го кандидира за пратеник на претстојните предвремени парламентарни избори, поради што партијата се одлучила да ја прекине досегашната соработка со владејачката партија.

И ПЦЕР на Самка Ибраимовски, затоа што не се најде на пратеничките листи на СДСМ, одлучи да ја напушти опозициската коалиција, истакнувајќи дека очигледно нивниот коалициск партнер доволно не ја ценел нивната максимална посветеност во изминатиот период.