Број на текстови објавени денес: 62

Романот „Резервен живот“ преведен на хрватски јазик

%d0%bb%d0%b8%d0%b4

На книжевниот фестивал „Еуропеа во дворот“ што го организира хрватската издавачка куќа „Љевак“ во Загреб, беше промовиран преводот на хрватски на романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска.

Разговорот со авторката и со преведувачот на романот, проф. Борислав Павловски, го водеше хрватската писателка и критичарка Ивана Бодрожиќ.

Наскоро издавачката куќа „ВБЗ“ од Загреб ќе го објави нејзиниот роман „Скриена камера“ во превод на Борјана Прошев Оливер, која работи и на преводот на нејзиниот најнов роман „Но-Уи“.

Учеството на Лидија Димковска на книжевниот фестивал на проза во Загреб доаѓа по нејзината книжена турнеја низ САД на која го промовираше „Резервен живот“ на англиски јазик и учествата на поетскиот фестивал „Млада месечина“ во Прага и на меѓународната поетска вечер „Транспоезија“ во „;Бозар“ во Брисел.