Број на текстови објавени денес: 0

Родители толку го разгалиле синот, што судот морал да го прати во специјално училиште

dete9

7-годишно дете од Швајцарија мора да посетува специјално училиште бидејќи родителите се однесувале толку многу заштитнички кон него, што тоа сега не е способно само да се грижи за себе.

Одлуката ја донел судот, откако психолози утврдиле дека детето Марко било многу разгалено, до толку што имало потешкотии во развојот и во академска и социјална смисла изостанувало зад своите врсници и не можело да се снајде во околината.

Психолозите тврделе дека родителите секогаш ги тргале сите препреки пред детето и настојувале да не си игра со други деца, со што го лишиле од нормален развој и искуства.

Родителите ги негирале наодите на психолозите, тврдејќи дека нивниот син имал нормално детство. Тие планираат случајот да го изнесат пред Европскиот суд за  човекови права.

Швајцарска фондација за деца објавила извештај кој открива дека голем број од тамошните деца воопшто или малку време поминуваат надвор во игра со други деца без надзор од повозрасен. Според извештајот, децата во 70-те години на минатиот век поголем дел од своето слободно време го поминувале на отворено и биле активни три до четири часа дневно, а денес дури 15 отсто од децата воопшто не излегуваат надвор.