Број на текстови објавени денес: 11

„Ровер“ заврши во дрво во Кичево (ФОТО)

%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b05

Сообраќајна несреќа во која е причинета само материјална штета се случила рано утрово околу 4:50 часот во Кичево, кога автомобил „ровер“ се забил во дрво во Кичево.

Возачот, 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи го „ланд роверот“ во кој имало двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот.

Автомобилот удрил во дрво на пешачката патека на булеварот „Ослободување“, кај кружниот тек.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам