Број на текстови објавени денес: 49

Роби Вилијамс открил што се случило во куќата на Боно Вокс под дејство на дрога

robi-vilijams4

Популарниот пејач Роби Вилијамс открил кога првпат пробал кокаин, како и дека еднаш, под влијание на опијати, имал необично искуство во куќата на колегата Боно Вокс.

Роби Вилијамс, кој е познат по бурното минато во текот на кое многу често консумирал дрога и алкохол, раскажал во една прилика дека отишол во куќата на фронтменот на групата „Ју Ту“ и изел халуциогени печурки.

– Воопшто не бев свесен дека нешто се случува со мене, заборавив дека вопшто сум ги изел тие печурки. По извесно време, сфатив дека седам и гледам во нешто што мене ми делуваше како најубава слика на светот. Тоа и му го реков на Боно, а тој ми рече дека цело време гледам во прозорец – објаснил Роби.

Пејачот навел дека првпат кокаин пробал на 19-годишна возраст, но дека тој период сега е зад него.

– Имам две деца со Ајда и живеам сосема нормален живот – рекол Роби Вилијамс.