Број на текстови објавени денес: 62

Роберт де Ниро: Не можам сега да го удрам Трамп, бидејќи е претседател! ВИДЕО

robert-deniro-donald-trump-3de4292c-54a7-431d-8e54-1d05080738ba

Легендарниот актер и оскаровец Роберт де Ниро, гостувајќи во емисијата „Лајф“ на Џими Кимел изјавил дека сега нема да може да го исполни своето ветување и да го удри Доналд Трамп, бидејќи е претседател.

Имено, пред неколку месеци Де Ниро  јавно рече дека Трамп е национална пропаст, срам за земјата, идиот, куче и свиња и дека би сакал да го удри.

– Дали и понатаму имаш намера да го удриш Доналд Трамп? Бидејќи ако имаш таква намера, би можел да завршиш во затвор – рекол Кимел, за потоа Де Ниро да му одговори:

– Нема тоа сега да го направам, бидејќи е претседател и морам да ја почитувам неговата позиција. Едноставно морам да видам што ќе направи и дали ќе исполни одредени работи за коишто зборуваше – одговорил Де Ниро.