Број на текстови објавени денес: 65

Ристовска: СЈО го кажува она што другите се плашат да го кажат

%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска му порача на судството дека треба да биде куче-чувар на владеењето на другите две власти, кои кај нас, како што рече таа, и тоа како се поврзани, за да нема злоупотреба на владеењето на извршната и законодавната власт.

Ова Ристовска го изјави во дебата на Форумот на граѓанското општество, на тема „Враќање на демократијата, Европа и социјалната правда“.

-Ние се бориме против неказнивоста, против корупцијата. Целиот овој процес на крајот мора да резултира со подобрување на демократијата. Конкретните резултати од нашата работа зависат од многу фактори. Почнавме од една позиција. Тешко е. Треба заедно, како општество да ја промениме ситуацијата со неказнивоста и корупцијата – изајви Ристовска.

Ристовска изјави дека СЈО го кажуваат тоа што другите се плашат да го речат и дека луѓето имаат потреба од правда и чувство дека во оваа држава сите се еднакви пред законот.