Број на текстови објавени денес: 0

Рибар од Оман стана милионер благодарение на блуеница од кит! ФОТО

ribar-milioner

Рибарорт Калил ал Синани (30) од Оман стана милионер благодарение на кит! Тој во близина на брегот Куарајт во својата мрежа „уловил“ чудна лигава работа од која се збогатил преку вечер!

Калил уловил т.н. амбра, редок нуспроизвод од системот за варење на китот кој се нарекува „пловечко злато“. Вкупната тежина на „уловената“ блуеница на китот – амбра била 60 килограми. Оваа лигава и чудна супстанција е високо почитувана кај производителите на парфемите, кои ја користат во хемиската реакција која овозможува мирисот подолго да трае.

Калил на локалните медиуми им рекол дека тргнал од риболовот накај дома, кога почувствувал интензивно смрдење и наскоро открил дека тоа доаѓа од неговата мрежа. Среќниот рибар рекол дека ќе престане да се занимава со риболов и дека двата милиони долари ќе ги потроши на луксузен живот.

Амбра е цврст дигестивен секрет кој го излачуваат цицачите од редовите на китови. На амбрата и се потребни години да настане и се смета дека животното го штити од острите и тешки работи коишто може да ги проголта.
Во океаните плови со години пред да стаса до брегот, а влијанието на Сонцето и солената морска храна ја претвораат во мека, сива маса, која потсетува на восок.

Инаку, амбрата кај китовите настанува поради пречките во системот за варење на китот. Рибарите ја собираат со мрежи, следејќи ги јатата китови најчесто во Индискиот океан.

Најголемата амбра некогаш уловена, е пронајдена во Австралија во 1913 година и била тешка дури 455 килограми.
Во минатото ја сметале за афродизијак, а ја прославил заводникот Казанова кој наводно ја ставал во топла чоколада за да ја интензивира својата сексуална моќ.