Број на текстови објавени денес: 49

Ременски: За да нема уцени обновата на правата од социјална заштита ќе почнe по изборите

dsc_0993-2

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски информираше дека постапката за обнова на правата од социјална и детска заштита за 2016 година, наместо во вообичаениот термин-ноември, годинава заради изборните активности ќе започне во втората половина на декевмри поточно на 19.12.2016 година и ќе трае до 27.01.2017 година.

 

– Заради фактот што во ноември оваа година се концентрирани најголемиот дел од активностите на политичките партии поврзани со претстојните парламентарни избори во декември, на 13 октомври до директорите на сите центри за социјални работи доставив задолжителна писмена инструкција со детални насоки за спроведување на постапката за обнова на правата за 2016 година, која оваа година ќе започне на 19.12.2016 година и ќе трае до 27.01.2017 година. И ние и јавноста знае дека, најголемиот број на злоупотреби и манипулации со лицата во социјален ризик и корисниците на социјална помош се прават токму пред и за време на изборниот период – рече министерката за труд и социјална полтика  Фросина Ташевска-Ременски.

Таа потенцираше дека заради заштита на граѓаните и нивните права од секаков вид на лажни ветувања, заплашувања, уцени и партиски агитации се оценило дека обновата на правата најдобро е да се изврши по завршување на изборите во декември во предвидениот рок.

– За министерство и за мене како министер е најважно да знаат дека, секое доаѓање на службено лице од Центар за социјални работи во Вашиот дом кое задолжително мора да Ви се претстави со име и со презиме и кажување дека, доаѓа да Ве евидентира како корисници, заради обнова на правото на социјална парична помош, право на нега од друго лице, да Ви ветува еднократна парична помош или други права кои не се по Ваше барање дадено во центарот, е спротивно на правилата за постапување во овој прериод и е казниво со закон. За таа цел, сакам да го знаете телефонскиот број на Ценарот за пријавување на корупција на Министерството за труд и социјална политика 15 133 на кој можете и треба да ги пријавите сите притисоци, закани и несоодветни постапувања на службени лица од министерството и од центрите за социјални работи – рече Ташевска-Ременски.
При тоа таа ги повика корисниците да не дозволуваат никој да си поигрува со нивните права и вети дека тие никогаш повеќе нема да зависат од вољата на ниту една политичка партија или нејзин припадник.
Во контекст на ова министерката Ташевкса-Ременски информираше дека на 27 октомври до директорите на Центрите за социјална работа, како одговорни лица, и до сите вработени во Центрите доставила писмени наредби дека имаат законска должност и обврска за: почитување и задолжително евидентирање на работното време; забрана за користење на материјално-технички средства на јавната установа во приватни и други цели; забрана за учество на партиски и други манифестации во работно време; забрана за претставување како службено лица од јавната установа при вршење работи/активности кои не се службени работи, а се спроведуваат надвор од работното место и надвор од работното време; забрана за извршување на партиски активности за време на работа, под оправдание за службен пат, увид или друг вид на службена задача; забрана за злоупотреба на боледување; забрана за употреба/злоупотреба на личните податоци на корисници во неслужбени цели.

– Постапувајќи по оваа нарадба, до денес доставивме 15 писмени опомени до директори на Центрите за социјална работа и повеќе усмени укажувања кои се однесуваат на вработени во центри, затоа што веќе се евидентирани повеќе од горенаведените забранети активности во делот на: собирање на докумантација за право на нега од друго лице, ветувања за еднократна парична помош и други права, користење на лични податоци на корисници на социјална помош за партиски цели, партиски активности во работно време и злоупотреба на боледувања. За сите евидентира злоупотреби и поднесени пријави кон сите вклучени службени лица веќе се преземат соодветни мерки – рече министерката за труд и социјална полтика д-р Фросина Ташевска-Ременски која ги охрабри уште еднаш корисниците да го користете бројот 15 133 и да пријават коруптивно однесување.