Број на текстови објавени денес: 0

Ременски: Дури 134 починати во Тетово земале социјална помош 2 години по смртта

remenski-1-777x437

Дури 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. На прес конференцијата таа рече дека во Центарот за социјална помош иако знаеле дека лицата се починати и натаму им била исплаќана социјална помош, објави Нова.

– Наште служби направија проверки во неколку Центри за социјална помош и пронајдоа голем број злоупотреби. Дури 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, а дел од нив се уште се наоѓаат во Избирачкиот список. Ова е само дел од она што го пронајдовме, а во текот на следните денови ќе објавиме злоупотреби и во други градови – рече Ременски.