Број на текстови објавени денес: 0

Ременски до Митревски: Како во 2010 година го симна Муратовски од функцијата?

%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b89

Најавата за кривична пријава против министерката за труд и соцјална политика Фросина Ташевска- Ременски е основно непознавање на синдикалните акти и целокупната постапка од страна на првиот синдикалец, реагира кабинитеот на министерката за труд и социјална политика.

„За негово потсетување, истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице.Сето ова зборува за очајниот обид за партиска мобилизација на сите одговорни лица од кои во иднина ќе се побара одговорност за финансиското работење, начинот на застапување на правата на работниците во Република Македонија и целокупното партизирање и рушење на концептот на синдикално организирање“ ,стои во реакцијата.

Во реакцијата се наведува дека Министерството за труд и социјална политика согласно своите институционални надлежности има законска обврска да го воспоставува и негува социјалниот дијалог.

„Ниту министерот ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите“ стои во реакцијата.

Министерството за труд и социјална политика како и досега е отворено за соработка со сите надлежни институции во интерес на вистината, наспроти манипулациите.

Митревски денеска на прес конференција најви дека ќе поднесе кривична пријава против министерката за труди  и социјална политика Ременски поради фалцификат.