Број на текстови објавени денес: 65

Рекорд: Фустанот на Мерилин Монро во кој му пееше на Кенеди продаден за 4,8 милиони долари

merlin-monro1

Култниот фустан залепен за телото, којшто го носеше Мерилин Монро кога му ја пееше песната „Happy birthday“ на американскиот претседател Џон Кенеди е продадена прексиноќа за 4,8 милиони долари на аукција во Беверли Хилс.

Фустанот со боја на кожа, со повеќе од 2.500 со рака зашиени кристали, бил проценет на три милиони долари пред да биде понуден на продажба во аукциската куќа „Џулиен“.

Фустанот бил толку тесен, така што, бил шиен на актерката пред да излезе да настапува за Кенеди на 19 мај 1962 година, пред неговиот 45-ти роденден. Таа тогаш со познатиот сензуален глас му ја испеала песната „Happy Birthday Mr President“. Мерилин Монро умрела три месеци подоцна, а Кенеди бил убиен наредната година.

Фустанот го купил синџирот на музеи „Рипли Верувале или не!“ (Ripley’s Believe It or Not!).

Потпретседателот на музејот Едвард Мејер рекол дека верува дека тоа е најсимболичното парче на поп-културата што постои.

– Не можам да се сетам ниту на еден предмет којшто зборува за 1960-тите толку добро како овој фустан. Цената е новиот светски рекорд за фустанот – рекол тој.