Број на текстови објавени денес: 0

Реакција на МТСП во врска со обвинувањата на НССРМ

remenski13

Министерството за труд и социјална политика согласно со своите надлежности кои произлегуваат од Законот за инвалидски организации и согласно со обврската и правото за надзор над финансиското работење на Националниот сојузот на слепите лица на Република Македонија (НССРМ), постапува по неколку иницијативи на општинските здруженија на НССРМ и по 4 ургенции на Државната комисија за спречување на корупција, заради отворен предмет за злоупотреба на финансиски средства, нестатутарно работење и други неправилности.

НССРМ до Министерството за труд и социјална политика не доставило никакви документи кои се барани во двата надзора од страна на Министерството кои беа спречени лично од претседателот на НССРМ. Во неможност да се потврдат уверувањата за законско работење или да се потврдат пријавите за незаконско финансиско работење на НССРМ, поради спречување на двата надзори, реакциите на претседателот не можат да претставуваат аргументи за некаков измислен притисок, ниту пак за лагите дека биле барани информации коиште не се предмет на надзорот. Наместо да бара извинување од министерката за труд и социјална политика, Ташевска – Ременски, ќе биде доблесно претседателот на НССРМ да им објасни и на другите надлежни институции и на членките на НССРМ за неговото финансиско работење за коешто исклучиво тој е уверен дека е законско. Претседателот на НССРМ не смее да зборува во името на сите членови и здруженија во рамките на Сојузот и неговата лична политичка заложба да ја затскрива зад членовите кои не бараат политиканство, туку совесно, законито работење и навремено одговарање на нивните потреби.

Повторно напоменуваме дека, хендикепот не смее да биде злоупотребуван од никого!