Број на текстови објавени денес: 0

Реакција во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се обвинува за злоупотреба на службени возила на Кабинетот на Ташевска-Ременски

frosina-remenski

Во обид да се покрие срамот од долгогодишната злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, очајно се прибегнува во барање виновници каде што нема.

Наташа Методиејва од кабинетот на министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски и Боби Стефковски од кабинетот на дополнителниот заменик за труд и социјална политика  Диме Спасов имаа истоветно решение за користење на службено возило.

Тоа што дополнителниот заменик Диме Спасов користел 4 возила на АВРМ вон работно време за партиски цели не значи дека сите се исти како него/нив.

Ништо не може да биде оправдување за долгогодишната злоупотреба што ја правеле а сега мислат дека сите се како нив.

Не се, има голема разлика !