Број на текстови објавени денес: 0

Рајан Рејнолдс е „Маж на годината“

rajan-rejnolds

Откако на почетокот на годината беше прогласен за најтатко во изборот на магазинот „Пипл“, на актерот Рајан Рејнолдс му припадна и овогодинашната титула „маж на годината“ во изборот на магазинот „Џеј Кју“.

Рајан со своите штотуку наполнети 40 години, изгледа подобро од кога и да е, работата му цвета, како и бракот. Еден од најпосакуваните мажи во Холивуд признава дека за добар изглед освен биологијата, заслужни се вежбањето и правилната исхрана.

Рајан веќе со години е во среќен брак со холивудската миленичка Блејк Лајвли, со која неодамна ја доби втората ќерка и тоа случајно го откри во текот на гостувањето во едно шоу.

Во интервјуто призна дека страдал од анксиозност откако заврши со снимањето на филмскиот хит во чијшто костим позираше и на странците на споменатото списание, под 4.300 долари вредниот костим на „Диор“.

– Отидов на лекар, затоа што мислев дека ќе доживеам нервен слом, но не знаев што ми е точно. Тогаш ми потврдија дека се работи за анксиозност. Вниманието е тежок товар за нервниот систем. Можеби затоа и живеам во шума – се пожали во свој стил.

Убавиот акер во 2018 година ќе го гледаме во улога на анти-јунак во „Дедпул“, во второто продолжение.