Број на текстови објавени денес: 46

Раул Кастро му ја честиташе победата на Трамп

cuba-raul-castro1

Кубанскиот лидер Раул Кастро му ја честиташе на новоизбраниот претседател Доналд Трамп изборната победа, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.

– Претседателот Раул Кастро му упати честитка на Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД – се наведува во соопштението.

По објавување на резултатите од изборите во САД кубанската Влада вчера најави петдневни воени вежби како подготовка за можни „непријателски активности“ против Куба.