Број на текстови објавени денес: 65

Расмусен до Трамп: Или против Путин или почеток на крајот на НАТО

%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bc%d1%83%d1%81%d0%b5%d0%bd

Поранешниот шеф на НАТО Андерс Фог Расмунсен изјави денеска дека во првите 100 дена од мандатот, новиот американски претседател Доналд Трамп мора да дејствува против „руската агресија“ или ќе доживее „почеток на крајот на НАТО“.

Тој вели дека Трамп мора да покаже сила бидејќи рускиот претседател Валдимир Путин „почитува само цврста рака“, објави Дејли мејл.

Во мејл упатен преку консултантската фирма на Расмусен, се вели дека балтичките држави и Украина се „блиски пријатели на САД“ и дека треба да се подигнат воени бази за да се заштитат.

– Занемарување на тие држави може да има големи последици и означување „почеток на крај“ на систем заснован на американско лидерство, истакнува Расмусен.

Тој смета дека САД мора да иницираат забрана за летање над Сирија, да наметнат трајно примирје во таа држава и да го примораат Асад да седне на преговарачка маса и да се најде политичко решение за судирот.