Број на текстови објавени денес: 0

Расел Кроу и вдовицата на „ловецот на крокодили“ ќе се венчаат?!

rasel-krou1

Актерот Расел Кроу и Тери Ирвин, вдовица на трагично загинатиот „ловец на крокодили“, Стиви Ирвин, планираат брак.

Магазинот „Њу ајдија“ тврди дека двојката наскоро би требало и официјално да ј потврди својата врска во јавност бидејќи „Тери повеќе не сакала да се крие“.

– Сосема е очигледно дека тие се вљубени и дека се заедно веќе извесно време. Расел преживеа голема болка поради љубовта кон Даниела, а Тери се сочувствува со тоа бидејќи долго се борела да најде некој којшто бил можел да му парира на Стив – рекол извор близок до Тери, за магазинот, и додал дека „планираат мала и интимна венчавка кон крајот на 2018 година“. Сомненијата дека се во врска почнале по тврдењата на очевидец дека актерот го видел на терасата на Тери.

– Вистина е дека се во слични фази од животот и дека имаат многу заеднички работи – децата, потрагата по љубов, големи кариери. Беше само прашање на времето кога ќе се вљубат – додал изворот.

Портпаролот на „Аустралиан Зоо“ изјавил дека „Тери и Расел не се заедно и дека сигурно не планираат венчавка“.