Број на текстови објавени денес: 60

Рама: побрз влез во ЕУ зашто Русите и исламистите го зголемуваат влијанието на Балканот

%d0%b0%d0%bb%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0

Русија и исламстите милитанти би можеле да го зголемат нивното влијание врз балканските народи, доколу ЕУ не ги прими во својата заедницата, истакна албанскиот премиер Еди Рами во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Рама нагласи дека е во интерес на ЕУ да ги прими во членство балканските држави.

– Ако сакаме сигурни и стабилни ЕУ и Европа, не е добро да постојат пропусти. Не треба да се заборави дека постојат и втори и трети играчи, кои ги играат нивните игри и кои би можеле да профитираат доколку ЕУ во овој дел на Европа остави вакум. Зборувам за Русија, но и за радикалниот ислам, објасни Рама.

Албанскиот премиер порача дека Албанија ќе продолжи да напредува на патот кон ЕУ, но изрази сомнеж во желбата на ЕУ да прими нови членки.

– Не станува збор за тоа колку нам ни е потребно, туку колку ЕУ ќе продолжи да се развива. Во меѓувреме, ние сме политички во многу добра форма, а ЕУ не е, потенцира Рама.

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ наведува дека балканските земји се наоѓат точно меѓу Грција и Унгарија – членките на ЕУ. Хрватска и Словенија веќе се придружија на Унијата, додека Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија се земји-кандидати за членство во ЕУ. Сите овие земји се на различни нивоа за напредок на патот кон ЕУ, оценува весникот.

Меѓутоа приемот на нови членки не е повеќе на врвот на листата на приоритети на ЕУ, па дипломати од регионот истакнауваат дека Русија се обидува да го зголеми своето влијание на земјите како Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија, додава „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.