Број на текстови објавени денес: 0

Рак на простата излечен со тестостерон

fotka4

Маж бил излечен од рак на простата во напредна фаза со помош на експериментална терапија при која туморот е уништен со машкиот полов хормон тестостерон.

Сите претходни терапии за болеста кај пациентот се покажале како неуспешни.

Терапијата и кај други мажи со истата болест во истражувањето дала резултати што позитивно ги изненадило научниците. Туморите се ништеле, а прогресот на болеста бил запрен кај неколку пациенти.

Нивото на Простата Специфичен Антиген (ПСА), маркер во крвта со кој се утврдува постоење на  рак на простата, се намалило кај повеќето од 47 пациенти, при што кај еден од нив нивото на ПСА паднало на нула по три месеца. Кај пациентот немало траги од болеста по 22 циклуса од третманот и за човекот се смета дека бил излекуван.

Во Британија на пример, секоја година кај околу 47.000 мажи е дијагностициран рак на простата, а 11.000 луѓе умираат од болеста.

Карциномот на простата се развива во жлездата простата, која има големина на костен, а се наоѓа под мочниот меур. Оваа жлезда произведува дел од течностите во спермата. Ракот на простата е еден од најчестите канцери кај мажите.