Број на текстови објавени денес: 46

Раде Шербеџија: Анџелина Џоли ми призна дека ги сака моите песни

rade

Славниот актер и режисер Раде Шербеџија рекол дека холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, со која соработувал на филмот „Во земјата на крвта и медот“ многу ги сака неговите песни и дека приватно со задоволство ги слуша.

– Им пеев повеќепати на моите колеги во странство, не само на сетовите туку и приватно. Анџелина ми призна дека многу ги сака моите песни и дека ги слуша многу често – рекол Раде Шербеџија за актерката.

Иако ги знае деталите за разводот на векот, како што Американците го нарекуваат раскинвањето на Анџелина и Бред Пит, за тоа не сака премногу да зборува во јавноста, бидејќи така тоа го прават вистинските пријатели.

– Не можам да го коментирам разводот на Анџелина и Бред. Ниту на најдобрите пријатели не сакам да им се мешам во приватните работи, а не пак на нив – рекол Шербеџија за српски „Курир“.