Број на текстови објавени денес: 60

Работилница за намалување на логопедските проблеми

log4

Здружението Интеракција плус од Скопје од 25 ноември до 25 декември во континуитет секој работен ден ќе одржува хуманитарна акција и едукативни работилници под заедничкиот наслов „Во новата година со помалку логопедски проблеми“.

За таа цел, покрај бесплатните прегледи на секое дете кое има нарушувања и проблеми со говорот, на децата со логопедски потешкотии ќе им биде подарена и користена како мал прирачник при вежбите сликовницата Мраско во Снежиленд од истакнатиот македонски писател Велко Неделковски, а во издание на Издавачката куќа Феникс.

Исто така, Здружението Интеракција плус ќе добие на подарок дваесет уметнички слики од Живко Поповски Цветин, Светомир Стефановски и Христо Петрески со мотиви блиски за децата, кои ќе го симболизираат среќното и радосно детство.

За повеќе информации и закажувања на термините за бесплатните прегледи и креативните работилници сите заинтересирани граѓани можат да се јават на телефоните на Здружението Интеракција плус: (078) 245484 и (071) 973362.