Број на текстови објавени денес: 60

„Пју“: Од Македонија до лани се иселиле 520.000 жители

imigranti

Американскиот истражувачкиот центар „Пју“ објави истражување за миграцијата и според нивните резултати, до 2015 година околу 244 милиони луѓе во светот се иселиле од своите матични земји поради различни причини, објави Мета.

Податоците кажуваат дека во девет земји, 20 проценти од луѓето родени таму, па дури и повеќе, сега живеат во друга земја.

Резултатите велат дека од Босна и Херцеговина, Албанија, Јамајка и од Ерменија, се иселиле една четвртина од нивните популации или повеќе, и сега живеат во странство, а од Казахстан, Сирија, Тринидад и Тобаго, Македонија (520.000 граѓани) и од Португалија, околу 20 отсто од населението кое е родено во матичната земја сега живее во друга земја