Број на текстови објавени денес: 70

Протести на вработените во јавниот транспорт во Атина

%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d1%86

Јавниот транспорт во Атина денеска ќе се одвива со нарушен режим, поради најавениот штрајк на вработените во метрото, градската железница и трамваите.

Тие протестираат поради плановите за спојување на транспортните оператори со Организацијата за јавен транспорт во Атина.

Протести се планирани да се одржат и на 2 декември.

Грчката Влада повика на дијалог во врска со преструктурирањето на јавниот градски сообраќај.