Број на текстови објавени денес: 0

Протести и контрапротести во Прага

%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b3%d0%b0

Денеска чешките граѓани, во многу делови на земјата се сеќаваа на историските настани поврзани со 17 ноември 1939 и 1989 година, јави дописникот на МИА од Прага.

На денешен ден во 1939 година во чешкиот главен град се се задушени студентските демонстрации против нацистичката окупација на Чешка, кои биле поттикнати по убиството на еден студент на универзитетот во Прага од страна на нацистите.

Меѓународниот ден на студентите од тогаш станал симбол за студентските страдања во целиот свет. Педесет години подоцна граѓаните на Чехословачка, предводени од дисидентот и драматург Вацлав Хавел, кој подоцна стана и претседател ја почнаа ,,Кадифената револуција” со која падна комунистичкиот режим во земјата.

Повеќето од денешните прослави се променија во протести и критики на актуелната политичка ситуација.

На пример, говорниците на студентскиот митинг во т.н Албертов, во чешкиот главен град индиректно го критикуваа претседателот на државата Милош Земан и министерот за финансии Андреј Бабиш, носејќи сатирични транспаренти и маски.

Во друг дел од Прага пак, Летенски сади беа одржувани говори за поддршка на Земан. Поворката од насобраните граѓани подоцна се упатија кон зградата на Владата.

На главниот Вацлавски плоштад вечерва се организира концерт, на кој присуствуваат над 50 музичари и личности од уметничкиот живот.