Број на текстови објавени денес: 70

Пропаста на О. Џеј. Симпсон: Затворските чувари секој ден се изживуваат над спортистот

o-j-simpson-simpson

„Сите бегаат од него. Никој нормален не сака да ја дели ќелијата со него. Го избегнуваме и за време на ручекот, бидејќи смрди како куга“, се жали во писмото затвореникот Вернон Нелсон, кој во Невада служи затворска казна, а еден од цимерите му е и поранешниот играч на американски фудбал О. Џеј. Симпсон.

Некогаш славниот спортист е осуден на 33 затвор поради вооружен грабеж и киднапирање во Лас Вегас, а своевремено му судеа и поради убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиното тогашно момче Рон Голдман, но го ослободија од вината.

Другите затвореници тврдат дека О. Џеј. Симпсон здравствено сосема пропаднал. Велат дека веќе извесно време е инконтинентен, па не може да ја контролира малата и големата нужда, поради што затворските цимери му го дале прекарот „смрдливко“.

– Носи пелени за возрасни, но ниту тие не му помагаат. Стана главен предмет на исмејување, а чуварите редовно се изживуваат над него. Симпсон се надеваше дека поради некогашниот статус на спортска ѕвезда ќе има повластен третман, но во затворот е ист како другите затвореници – рекле робијашите од Невада.

И поранешниот менаџер на Симпсон, Норман Пардо, е загрижен за неговото здравје. Постои сомнение дека О. Џеј. Симпсон има Алцхајмерова болест, бидејќи често се жали на главоболки и губиток на меморијата, д’тка, а има големи проблеми со видот и слухот.

Други, пак, сметаат дека симптомите што ги има Симпсон се последица од ударите што ги примил во глава во текот на спортската кариера.