Број на текстови објавени денес: 0

Промоција на Vita Contemplativa од Ефтим Клетников

vita-contemplativa

Збирката поезија Vita Contemplativa од Ефтим Клетников ќе биде промовирана денеска во 19 часот, во Литературното кафе „Метаноја“ (Максим Горки 19).

За книгата ќе зборува Коста Милков, а на присутните ќе им се обрати и авторот на збирката Ефтим Клетников, како и директорката на издавачката куќа „Метаноја“ Нада Милкова.

Настанот ќе биде збогатен со музички илустрации на Васил Атанасов и Драган Даутовски.

Избрани стихови од збирката ќе читаат Кирил Псалтиров и Катица Трајковска-Абјаниќ.

Во освртот за песните во Vita Contemplativa Коста Милков пишува:

„Од згазнатата мравка која простува на судниот ден, преку расправата за убавината и мечтата за поистоветување со стомната на Самарјанката од која се напил Исус, Vita Contemplativa нè воведува и нè води низ созерцателниот живот на поетот Ефтим Клетников, кој низ песните во оваа збирка нè потсеќа на стремежот кон возвишеното,

Vita Contemplativa нагласува дека севкупната човечка природа, духовна, душевна и телесна e полна со Бог. Читањето на оваа поетска збирка нè потсеќа дека улогата на човекот е да ги прибере и да приведе сите созданија на поклонение пред Божјиот престол. Од мравката па сè до возвишениот ангел“.