Број на текстови објавени денес: 0

Промоција на „1992 – година на опасни ризици“ од Стојан Андов

%d1%81%d0%b01

Во свечената сала на Кинотеката на Македонија, утре во 18 часот ќе биде промовирана книгата „1992 – година на опасни ризици“ од Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија по нејзиното осамостојување.

За најновото дело на познатиот политичар, публицист и писател ќе говорат истакнатите македонски писатели Јордан Плевнеш и Паскал Гилевски, а извадоци од делото ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Велјановски.

Стојан Андов (Кавадарци,1935) по пензионирањето и по повлекувањето од активниот политички живот објави десет публицистички и литературни дела, кои предизвикаа голем интерес кај широката читателска публика во Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“ , „Источни патувања“ , „Од мој агол“ , „Стравот и љубовта“ , „Кицо Американецот“ , „Враќањето на Американецот“ , „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ , „Приказната на Марија“ и „ Драматичната 1991 година“.