Број на текстови објавени денес: 49

Промоција на „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза

%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b014

Книгата „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза ќе биде промовирана во четврток во 12 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.

Книгата е во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

За најновотo дело на познатиот автор беседа ќе одржи проф. д-р Kристина Николовска, а извадоци од книгата ќе интерпретира Антонио Павловски.

Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко имe во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели. Доботник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.