Број на текстови објавени денес: 86

Промоција на „Круг полу круг“ на Игор Крајчев

ДПМ-2-

Најновото поетско остварување на Игор Крајчев, стихозбирката „Круг полу круг“, ќе биде промовирно во четврток во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

Повод е добивањето на престижната награда „Енхалон“ на годинашните Струшки вечери на поезијата. За поетската книга на Крајчев ќе зборува Мите Стефоски, директор на СВП, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.

Игор Крајчев е автор и на книгите „Реалности“, „Воини и херои“ и „Три секунди“. Избор од неговото творештво е дел од антологиите на македонската поезија и проза „Ветрот носи убаво време“, „Антологијата на македонска поезија“ на украински јазик, ревијата „Македонија“ на хрватски јазик, како и на антологијата на македонска поезија „Тој човек доаѓа од некаде“ на романски јазик.

Игор Крајчев е добитник на највисокото признание на град Велес, Деветоноемвриската награда за достигнувања на полето на литературата, како и за посебен придонес за развојот на културата во градот. Добитник е уште на наградите: „Празник на липите“ на Друштвото на писатели на Македонија, „Книжевен круг“ на литературната манифестација во Битола, на специјалната награда на Карамановите средби, како и на наградата „Прозни мајстори“.