Број на текстови објавени денес: 10

Промоција на книгата „Зборот е светлина“ од Ленче Милошевска

biblioteka11

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, в четврток ќе се промовира книгата „Зборот е светлина“ од Ленче Милошевска.

Најновата поетска збирка на Милошевска ќе ја промовира Виолета Танчева – Златева а стихови ќе интрепретира актерот Теоман Маскут. Промоцијата ќе се одржи на 1 декември спомен – собата на Миладиновци, со почеток во 12 часот.

Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач. Работела како уредник во издавачките куќи „Култура“ и „Македонска книга“. Автор е на книгите поезија „Жедната земја моја“, „Кадилница на денот“, „Камени пораки“, „Одложена мисла“ и на романите „Кумова слама“, „Три жени во три слики“, „Сатанска печурка“ и „Аксиос ги дели приказните“. Преведува од англиски, српски и хрватски јазик.