Број на текстови објавени денес: 60

Промоција на две контроверзни биографии

%d0%b0%d1%822

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ најавува гостување на полската писателка Агата Тушињска. Утре со почеток во 20 часот, во Јавна соба ќе бидат промовирани нејзините романизирани биографии „Обвинета: Вјера Гран“ и „Свршеничката на Бруно Шулц“, двете во издание на „Антолог“ и во превод на Милица Миркуловска. Книгите се објавени со поддршка на Полскиот институт за литература.

 

Овие две контроверзни биографии ќе ги промовира професорката и литературна критичарка Соња Стојменска-Елзесер. По промоцијата следува забава со настап на „Перија“, оригинален македонски женски состав, кои свират исклучително акустична музика на уникатни инструменти.

Агата Тушињска е ќерка на историчарот и спортски новинар Богдан Тушињски и на новинарката Халина Пржедборкс.
Фестивалот „Букстар“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на Јавна соба.