Број на текстови објавени денес: 70

Продолжува кампањата „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“

timthumb133

Министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски присуствуваше на регионалната кампања „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“ во организација на Здружението за заштита на правата на детето по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на детето.

За таа цел во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари кој што е раководен од Здружението, а е поддржан од Министерството за труд и социјална политика се одржа приредба со која децата коишто го посетуваат Дневниот центар им посакаа топло добредојде на сите гости.

Нивните весели лица се доказ дека овој Дневен центар е нивниот втор дом кој покрај топлина им дава и образование и ги учи на темелните вредности.

Министерката Ташевска-Ременски во оваа прилика изјави дека и покрај сите потешкотии со кои се соочува овој Дневен центар којшто е на удар од страна на Општината Шуто Оризари која што сака да го дислоцира зад превезот на проширавње на градинката со јасли, тој и натаму успешно опстојува и функционира. Во него во текот на денот се згрижуваат повеќе од 120 деца каде покрај стекнувањето со хигиенски и културни навики децата се здобиваат и со образовно-воспитни активности, индивидуална работа со секое дете во насока на психосоцијален развој.

– Здружението е единствената невладина организација која што спроведува вонинституционален облик на детска заштита и згрижува во овој Дневен центар повеќе од 120 деца дневно, особено во делот од населбата Шуто Оризари и ги даваат сите услугите за коишто за жал институциите во рамките на министерството каскаат зад ова здружение коешто навистина има големи резултати – изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.