Број на текстови објавени денес: 70

Продолжуваат квалификациите за СП во фудбал 2018

download-3295

Со десетте натпревари кои ќе се играат денеска продолжуваа квалификациите за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија.

Двојките за денеска се:

А група: Франција – Шведска.
Табела: Франција 7 бодови, Холандија 4, Шведска 4, Бугарија 3, Белорусија 2 и Луксембург 1.

Ц група: Сан Марино – Германија, Северна Ирска – Азербејџан и Чешка – Норвешка.
Табела: Германија 9 бодови (+1 натпревар повеќе), Азербејџан 6,
Северна Ирска 4, Чешка 1, Норвешка 0 и Сан Марино 0.

Е група: Ерменија – Црна Гора, Романија – Полска и Данска – Казакстан
Табела: Романија 5 бодови (+1 натпревар повеќе), Црна Гора 4, Полска 4, Данска 3, Казакстан 2 (+1) и Ерменија 0.

Ф група: Словачка – Литванија, Малта – Словенија и Англија – Шкотска.
Табела: Англија 6 бодови, Шкотска 4, Словенија 4, Литванија 2, Словачка 0 и Малта 0.

Освен дуелот во Ереван чиј старт е закажан за 18 часот, сите останати натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути.