Број на текстови објавени денес: 62

Пробиотиците помагаат во намалување на стресот и нервозите

mia15
Едно истражување на американски научници покажа дека пробиотиците, кои се користат за рамнотежа на дигестивниот тракт, можат да помогнат во намалување на стресот и напнатоста.
Научниците од Универзитетот во Мисури врз основа на експеримент со рибата зебра откриле дека вообичаените пробиотици кои се продаваат во суплементи и во јогуртот, можат да го намалат стресот, како и напнатоста.
Истражувањето покажало дека бактериите влијаат на однесувањето на рибата зебра и дека тоа би можело да помогне во разбирање на ефектите на пробиотиците на нервниот систем кај луѓето.
Во текот на истражувањето научниците следеле како се однесува зебрата по доза на бактеријата Lactobacillus plantarum, која се наоѓа во јогуртот и пробиотичките суплементи.
Во првото истражување бактеријата е додадена во аквариум со риби зебри, додека во друг аквариум бактеријата не била присутна. Потоа научниците ја ваделе водата од аквариумот, поради што дошло до разбранување на водата во обид да се предизвика стрес.
– Секој ден користевме различни методи за предизвикување на стрес, тестови за кои и другите научници тврдат дека предизвикуваат нервоза кај зебрите. Меѓу нив се изолација, промена на температурата и слично. Тестовите се релевантни и за луѓето, изјави Елизабет Брајд, професорка на Колеџот за ветеринарство при Универзитетот во Мисури.
Со генетска анализа на двете групи на риби, било откриено дека тие во чиј аквариум имало суплементи доживувале помал стрес од тие во чиј аквариум немало суплементи.
Со цел дополнително да ја тестираат теоријата, научниците го следеле движењето на рибите. Претходно е утврдено дека рибите кои се под стрес минуваат повеќе време на дното на аквариумот. Меѓутоа, кога добиле суплементи, повеќе време минувале во горниот дел на аквариумот.
Таа промена во однесувањето јасно покажува на намален стрес и напнатост.