Број на текстови објавени денес: 9

Принцот Хари ја запозна својата девојка со Кејт Мидлтон и принцот Чарлс

26e8ced2b662d7b17c3f

Американската актерка Меган Маркл (35) го посетила своето момче британскиот принц Хари (32), во Кесингтонската палата. За да ја престави на семејството, принцот организирал вечера на која својата девојка ја запознал со кралското семејство.

Меган се спријателила со војводката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која смета дека Меган е идеална девојка за Хари, бидејќи е пристојна и елегантна. На вечерата присуствувале принцот Чарлс и сопругата Камила, а кралицата Елизабета Втора ќе ја запознае во друга прилика.

Актерката Меган Маркл неодамна им се доверила на пријателките дека врската со принцот Хари е како бајка.

– Многу е вљубена и дава сè од себе врската да успее. Ако тоа биде сериозно, подготвена е да се откаже од својот живот и професијата и да се пресели кај него во Лондон – рекле пријателите на американската актерка