Број на текстови објавени денес: 17

Принцот Хари го одлага романтичниот викенд поради папараците

%d1%85%d0%b0%d1%80%d0%b8

Според извори блиски до принцот, тој се плаши дека публицитетот што ќе го има поради викендот со неговата девојка, може да има кобни последици по двајцата, како што тоа се случи со неговата мајка, принцезата Дајана.

Принцот Хари планирал да помине романтичен викенд во Торонто со новата девојка, актерката Меган Маркл. Но медиумите ја објавија веста за нивната врска, па Хари го откажал патот бидејќи не сакал да го следат фоторепортерите. Тој, наводно се плаши дека бркањето и криењето од папараците може да биде непријатно и кобно за него и Меган.

Принцот ја запозна Меган неодамна во Канада, а потоа неколкупати беа видени заедно во Лондон. Дооброупатените тврдат дека нивната врска се уште е во рана фаза, но дека тој е воодушевен од актерката. Својата нова девојка тој неодамна ја запонал со братот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.