Број на текстови објавени денес: 17

Приврзаниците на Трамп апелираат за бојкот на производите на Пепси

peps

Приврзаниците на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се залагаат за бојкот на производите на Пепси поради коментарите кои пристигнаа од компанијата по победата на републиканскиот кандидат.

Директорката на Пепси, Индра Нуји изјави дека победата на Трамп ги уплашила работниците и оти голем број од нив плачеле. Таа додаде дека сега секој во САД треба да биде убеден дека е безбеден.

Нејзините коментари ги налутија приврзаниците на Трамп, посебно критикиуте кои беа упатени кон него, а се однесуваат на наводните коментари и недоличното однесување кон жените. Тие повикаа на бојкот на производите на Пепси на Твитер под хаштагот: #boycottpepsi.

Акциите на Пепси се намалија за два проценти по интевјуто на Нуји, а приврзаниците на Трамп си препишуваат заслуги за падот.